ГОЛЧИШТЕ ЗА РАСКАЖУВАЊЕ: Едер погоди со луди „ножички“! (ВИДЕО)

Португалскиот фудбалер Едер погоди на фантастичен начин во дресот на Локомотив Москва и даде гол за кој долго ќе се зборува.

Во Купот на Русија, на мечот против Балтика, некогашниот репрезентативец на Португалија даде гол со луди ножички и го спаси својот тим од пораз. Доби топка во шеснаесетникот, ја смири, па со ремек-дело ги изненади противниците, но и соиграчите кои му честитаа по фантастичниот гол затоа што беше за 2-2 и продолженија.

Ова не е првпат Едер да даде гол со ножички, затоа што ефектно тресеше мрежи и додека беше член на португалска Брага.