• Саше Љолес
Хајдук Сплит и Вараждин се сретнаа во натпреварот од 15. коло во хрватскиот шампионат, а мечот беше одбележан со неверојатниот погодок на гостинскиот играч Томислав Дувњак.
Гостите успеаја да се изборат за бод на тешкото гостување, а голот на Дувњак беше навистина прекрасен и беше поздравен дури и од домашната публика.
Се играше 44. минута, кога Дувњак начека една одбиена топка и ја „закачи“ со исклучително силен удар од над 25 метри, не оставајќи му никакви шанси на голманот Тони Силиќ.
Топката влезе во мрежата со помош на пречката, што му даде на овој погодок уште поголема убавина, а дел од соиграчите на Дувњак се држеа за глава и останаа во неверување од овој маестрален потег, каков што одамна не е виден на славниот стадион „Пољуд“ во Сплит.





