ВИДЕО: Голчиште на Вилијамс, нов пораз на Фенер и Мурињо во ЛЕ

Откако беше елиминиран во квалификациите од Лигата на шампионите, Жозе Мурињо изјави дека Фенербахче не е тим за елитното друштво, но дефинитивно е за во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Но, на турскиот гигант не му оди баш најдобро ниту во Лига Европа. „Жолто-црните“ вечерва забележаа нов пораз, втор оваа сезона, откако пред својата публика со 0-2 го загубија дуелот со Атлетик Билбао. 

  • Извештај од натпреварот:

Во првиот натпревар од шестото коло во Лига Европа, шпанскиот тим ја потврди доминацијата во ова натпреварување и го впиша петтиот триумф со кој останува на лидерската позиција на табелата. Фенер, пак, останува на 15. место, но со тенденција за пад, во зависност од резултатите на останатите екипи од средината на табелата. 

Во Истанбул, Баскијците својата задача ја завршија уште во првото полувреме, а најзаслужен за тоа беше Ињаки Вилијамс. Искусниот напаѓач од Гана погоди на стартот и пред крајот на полувремето, а особено атрактивен беше вториот погодок, откако од тешка позиција испрати проектил и го совлада Ливаковиќ.

Фенер во вториот дел, откако остана со играч помалку (Мулдур заработи црвен картон), ги загуби сите шанси да се врати во игра и да освои барем еден бод од овој дуел.

Во следното коло Атлетик Билбао одново гостува во Турција, овој пат кај Бешикташ, додека Фенербахче ќе се сретне со Лион. 

Состави

Жозе Мурињо

4-2-3-1

    Ernesto Valverde

    4-2-3-1