• Горан Упале
Фудбалерите на Лил и Пари Сен Жермен ремизираа со по еден постигнат гол (1-1), во дербито на седмото коло од француската Лига 1.
Луис Енрике не можеше да смета на неколку важни играчи ниту вечерва. Квича Кварацкелија, Осман Дембеле, Маркињос, Дезире Дуе и Фабијан Руиз останаа на трибините и тоа се почувствува на теренот и шампионот одново разочара во домашниот шампионат. Во отсуство на најдобрите напаѓачи Бредли Баркола ги имаше најголемите шанси во првото полувреме. Младиот француски ас имаше уште една одлична шанса во продолжението, пред Нуно Мендез да стапи на сцена.
На Португалецот му требаше малку време откако влезе во игра за да ја затресе мрежата на домаќинот. И тоа на каков начин - од слободен удар од околу триесет метри за водство на ПСЖ од 0-1. Неколку минути подоцна шампионот можеше да реши сè, но Берке Озер го запре Ли Канг-Ин, а Ашраф Хакими исто така беше недоволно прецизен.
Казната дојде во 85. минута, кога Итан Мбапе, помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид - Килијан, со прекрасен удар со лева нога го погоди подалечниот агол од голот на Лукас Шевалие за огромна радост на трибините и бод за Лил (1-1).
И покрај киксот ПСЖ останува лидер на табелата со 16 бода, додека Лил е на седмото место со 11 бода.








