• Мартин Танасковски

Екипата на Јувентус забележа престижна победа во пријателски натпревар, совладувајќи го Челзи со 1-0 во Хонг Конг.
Херој на „старата дама“ беше косовскиот репрезентативец Едон Жегрова, кој го постигна единствениот погодок на средбата. Акцијата за голот започна со одлично додавање од Кенан Јилдиз, по што Жегрова со прецизен удар со левата нога ја испрати топката во спротивниот агол, не оставајќи шанси за голманот Пендерс.
- Извештај од натпреварот:
Челзи имаше теренска иницијатива во поголем дел од натпреварот, но Јувентус успешно ги одби сите напади и повторно ја сочува својата мрежа.
За англискиот клуб ова беше втор последователен пораз во подготвителниот период, по претходниот неуспех против Тотенхем, додека Јувентус продолжува со сигурни настапи пред почетокот на новата сезона.











