• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Иран по доминантен натпревар успеа да слави против Велс (0-2) во рамки на второто коло на Светското првенство (СП) и така си ги зголеми шансите за следна рунда на собирот во Катар.
- Извештај од натпреварот:
Иранците доминираа на теренот, додека Велс беше блед, а најдобрите играчи Герет Бејл и Арон Ремзи беа тотално отсечени. Не создаваа многу шанси островјаните, затоа што само двапати се заканија кон голот на Хосеини и беа безуспешни. Иран ги грабна трите бода во самиот финиш, кога во 99. и 101. минута даде два гола во мрежата на противникот.
Иранците беа доминантни затоа што се тресеше стативата од голот на Хенеси двапати на стартот на второто полувреме кога шутираа Азмун и Голизаде, а исто така во првото полувреме азиската земја имаше и поништен погодок со ВАР поради офсајд. Иран го заврши натпреварот и со играч повеќе затоа што Хенеси доби директен црвен картон од судијата Ескобар поради остар старт врз противник надвор од казнениот простор откако топката веќе избега.
Се чекаше самиот финиш за тимот од Азија да ја добие наградата за доминацијата. Прво, во 99. минута златната замена Рузбе Чешми од дваесетина метри даде голчиште за предност, а следеше и втор во 101. минута на кој автор беше Рамин Резејан, по асистенција на Тареми. Вреди да се напомене дека Иранците го извојуваа овој триумф без најдобриот играч Азмун кој беше заменет во средината на вториот дел.
- Голот за 0-1 на Иран:
- Голот за 0-2 на Иран:
Последната рунда во оваа група се игра следната седмица.