ВИДЕО: „Голасооо, Карлитос...“ – Вела предизвика лудило меѓу американските коментатори

Вела

Карлос Вела постигна прекрасен погодок за победа на Лос Анџелес на домашниот дуел со Солт Лејк Сити.

Мексиканецот важи за еден од најдобрите фудбалери кои настапуваат во американската МЛС лига. Неговите голови често се причина за луда реакција на коментаторите. Така беше и вчера, кога 32-годишникот од тешка позиција ја смести топката во мрежата на проитвникот.

Претходно Вела пропушти шанса да постигне погодок од белата точка и промаши пенал во 60. минута.