• Горан Упале

Екипата на ПСЖ в сабота ќе стави печат на уште една турболентна сезона. Богатиот тим од Париз одново не се прослави во Лигата на шампионите, но во домашниот шампионат ја продолжи доминацијата и освои уште една титула.
Сепак, титулата нема да ја слави во Париз. Причина е тешката состојба на нивниот голман Серхио Рико, кој доживеа тешка несреќа по паѓање од коњ и е во животна опасност.
„Нема да има прослава. Ова е тешка недела за сите и сите сме потресени. Целата позитивна енергија ја испраќаме до Серхио Рико, неговата мајка, сопруга и најблиските", е пораката на Галтие.
ПСЖ во последното коло од сезоната во Лига 1 ќе се судри со Клермон во Париз.