ВИДЕО: Гол за најавни шпици во ВМФЛ – дриблинг меѓу нозе, па „БОМБА“ од 30 метри!

Екипата на Новаци се избори за рано водство во соочувањето со Саса, а голот што го постигнаа гостите беше вистинско ремек-дело за најавни шпици.

Се играше деветтата минута кога Стефан Стефановски прво со мајсторски потег ја протна топката меѓу нозете на директниот чувар, а потоа испрати вистинска „БОМБА“ во мрежата на Саса.

Новаци е во резултатска криза во овој дел од сезоната и затоа победата му е повеќе од потребна, но бодовите се исто така важни и за Саса, која што е во опасната зона.