Гол за антологија: Шик ја погоди шкотската мрежа од половина терен (ВИДЕО)

На четвртиот натпреварувачки ден на Европското првенство, веројатно е постигнат голот на шампионатот. Напаѓачот на Баер Леверкузен, Чехот Патрик Шик е главна атракција на првиот натпревар во Глазгов на првенството. При 0-1, на почетокот од вториот дел Шик изведе ретко видена мајсторија.

Имено, младиот чешки напаѓач забележа дека шкотскиот голман Маршал го напушти голот и од повеќе од половина терен го лобува, постигнувајќи ретко виден гол.

  • Голот на Шик од половина терен против Шкотска: 

Претходно во првиот дел, Шик го отвори резултатот со гол за 0-1 и во овој момент заедно со Лукаку се наоѓа на врвот на листата на стрелците.  

Состави

Steve Clarke

3-5-2

    Jaroslav Silhavy

    4-2-3-1