• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Лехија Гдањск се освојувачи на Купот на Полска во фудбал, откако во драматично финале на „Националниот стадион“ во Варшава го победија тимот на Јагиелонија со 1-0 (0-0).
Овој трофеј значи и место во квалификациите за Лига Европа за „зелените“, а начинот на кој дојдоа до титулата е сензационален. Имено, се играше 96. минута и сите ги видоа продолженијата, но Артур Собиеч од една голема гужва ја погоди мрежата на „жолто-црвените“ и донесе огромна еуфорија меѓу фановите од Гдањск.
- Извештај од натпреварот:
Во полската Екстракласа, Легија од Варшава и Лехија Гдањск се борат во мртва трка за титулата, а во доигрувањето предност од три бода имаат шампионите на Полска, екипата од главниот град.