ВИДЕО: Гол во 40-та секунда им донесе три бода на „лавовите“ од Билбао

Стрелците целосно потфрлија во последните два саботни натпревари од 25. коло на Примера. Во позитивна серија е Атлетик Билбао, кој со Гаритано на клупата побегна од опасната зона и се повеќе се качува на првенствената табела. Вечерва на „Сан Мамес“ падна Еибар со 1-0 со гол постигнат по само 40 секунди од почетокот на натпреварот.

Раул Гарсија како и против Хуеска во понеделникот беше стрелец на единствениот гол и еден од трите клуба кои не испаднале од Примера, ја запиша седмата победа сезонава.  

Без голови заврши дуелот на „Мендизороза“ во Виторија, каде што играа Алавес и Селта Виго