ВИДЕО: Гол-убавец на Васкез, Севиља доминантна во градското дерби со Бетис! 

За многумина најжестокото градско дерби во шпанскиот фудбал меѓу Севиља и Бетис и вечерва ги задоволи вкусовите на неутралните фанови на фудбалската игра, а особено на приврзаниците на Севиља. 

Во ракмиte од 32. коло на Примера градските ривали го одиграа своето последно дерби оваа сезона, на кое на „Рамон Санчез Писхуан“ победа од минимални 3-2 славеше домашната екипа. 

  • Извештај од натпреварот: 

Мечот започна со претпазлива игра на двете екипи, а поранешниот член на Барселона, Мунир Ел Хадади по првото вистинско возбудување предизвика „експлозија“ на стадионот и со рутинска завршница со глава погоди за водство на Севиља од 1-0, резултат со кој се замина на одмор. 

За разлика од првиот, вториот дел започна фуриозно и за девет минути беа постигнати три гола. Првиот удар го зададоа гостите, откако на 1-1 израмни Џовани Ло Селсо во 55. минута, но Севиља уште во следниот напад преку Пабло Сарабија го врати водството на 2-1. Но, тоа не беше сè од домашните фудбалери, откако Франко Васкез со гол-убавец од преку 20 метри далечина повторно донесе задоволство на трибините и зголеми на 3-1. Конечните 3-2 ги постави Тељо во 82. минута. 

До крајот на мечот Бетис на неколку пати проба да се врати во игра, но Хоакин и Лорен не успеаја да ја сместат топката во посакуваната цел, па така Севиља по пауза од три години повторно слави победа над градскиот ривал пред своите гледачи.