ВИДЕО: Гол-убавец на Диего Коста, Атлетико лесно излезе на крај со Алавес

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во последниот денешен натпревар од 29. коло во Примера на гостински терен го совладаа Алавес со 0-4 (0-2) и се вратија на -10 од Барселона. Со оваа победа екипата на Симеоне одговори на критиките по поразите во Торино и Билбао. 

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Чоло Симеоне победникот на денешниот натпревар го решија практично во првите десет минути. Најпрво во петтата минута Саул Нигез ја искористи асистенцијата од Гризман за водство од 1-0, а шест минути подоцна повратникот Диего Коста со одличен удар надвор од шеснаесетникот зголеми на 2-0.

Баскијците притискаа пред голот на Облак, Брашанац и Пина имаа одлични шанси за враќање на домаќините во игра, но гостинската одбрана не дозволи намалување на резултатот.

Сите непознаници околу денешниот победник ги разреши Алваро Мората, кој во 59. минута ја искористи асистенцијата од нововлезениот Томас Лемар и ја продолжи серијата на голови почната во репрезентацијата на Шпанија (3-0). На голот му следеше и потврда од ВАР системот. До крајот „јорганџиите“ одлично ја контролираа топката, а подобрата игра ја крунисаа со голот на Томас во 86. минута, за конечни 0-4.

Во текот на неделата Атлетико Мадрид во вонредното коло ќе игра против Џирона, а следниот викенд ќе гостува на „Камп Ноу“ против Барселона. Алавес битката за пласман во Лигата на шампионите ќе ја продолжи со дуел на гостински терен против Севиља.

Селта Виго по првиот дел имаше негатива од 0-2 против Виљареал (Екамби и Алфонсо), но во продолжение со чудесна игра и головите на повратникот Јаго Аспас (два) и Гомез стигна до триумф од 3-2. По денешните три бода тимот од „Балаидос“ се доближи на само еден бод до Виљареал, кој се наоѓа на место кое носи опстанок во Примера.

  • Извештај од натпреварот: