ВИДЕО: Гол со глава од 16 метри – атракција во ВМФЛ каква ретко се гледа!

Екипата на Скопје со високата победа над Вардар Неготино од 4-1 во Автокоманда се приклучи кон врвот во Втората македонска фудбалска лига.

 Виктор Ангелов, Мердиан Рамадани, Горјан Цветков и Армир Иса беа стрелци за „пиратите“, додека единствениот гол за Вардар Неготино е вистинска реткост во мак-фудбалот. Имено, во самиот финиш од средбата Ристе Лембовски доби топка на шеснаесет метри, се реши да бие со глава и не погреши и го постигна можеби најатрактивниот гол оваа сезона во второлигашкото друштво.

Вардар Неготино по седум одиграни кола е на дванаесеттото место на табелата со шест бода.