ВИДЕО: Гол-шоу во Норвешка - слалом од 60 метри и спектакуларни „ножички“

Ола Хилбриндсен

Норвешкото првенство овој викенд донесе два гола кои сигурно ќе го привлечат вашето внимание.

Се работи за слаломот на Чидер Ејуке од екипата на Валеренга, кој истрча 60 метри, насамари двајца противнички дефанзивци и на крај го издрибла и голманот на патот до својот екстра погодок.

Вториот беше ремек-дело на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа. Тоа е Ола Бринхилдсен кој со прекрасни „ножички“ го шокира големиот Розенборг.