ВИДЕО: Гол-шоу во Ескишехир, Турција не ѝ даде никаква шанса на Молдавија

Турција

Репрезентацијата на Турција покажа моќ и во вториот меч од групата Г и стигна до убедлива победа без примен погодок на домашен терен против Молдавија (4-0).

Гостите се надеваа на изненадување на стадионот во Ескишехир, но наидоа на расположен противник кој одигра за своите навивачи и постигна четири гола. Голеадата ја отвори Хасан Али Калдирим, а пред крајот на првото полувреме погоди и Џенк Тосун

Поразот можеше да биде уште повисок доколку Бурак Јилмаз реализираше од белата точка во 52. минута. Веќе во следниот напад Тосун ја поправи грешката и зголеми на недостижни 3-0. Печат на победата во рутинската завршница на Турците стави Кан Ајхан со прекрасен шут со глава.

Фудбалерите на Турција се искачија на врвот на табелата со шест бода во пресрет на преостанатите дуели од групата.

Во јуни следува првиот голем тест за турската репрезентација кога ќе го пречека светскиот првак Франција.