ВИДЕО: Гол-шоу на „Бернабеу“ - Реал и Легија дадоа ТРИ погодока за ШЕСТ минути!

Екипите на Реал Мадрид и Легија играат супервозбудлив дуел на „Сантијаго Бернабеу“ во рамки на Лигата на шампионите. Двата тима постигнаа вкупно три гола за пет минути, а на семафорот стои 2-1. 

Најпрво, статива погоди Легија, а казната на „кралевите“ пристигна со погодок на Герет Бејл во 16. минута. На 2-0 зголеми Марсело во 20. минута, додека Легија го намали резултатот во 22. минута од пенал кој го направи Данило, а го реализира Радовиќ.