Гол-првенец на ветеранот кој пристигна летово, Челзи го елиминира Лутон во Лига Купот

Челзи без поголеми проблеми го совлада Лутон со 2-0 и обезбеди пласман во следната фаза од Лига купот на Англија, а натпреварот ќе остане запаметен по првенецот на едно од летните засилување на „сините“.

Главна фигура беше Дани Велбек, кој го постигна својот деби-гол во дресот на Челзи. Ветеранот летово изненадувачки го напушти Брајтон и се пресели на „Стемфорд Бриџ“, а вечерва ја оправда довербата со погодок во 50. минута. Велбек одлично реагираше по асистенцијата од Матеус Густо и со прецизен удар го отвори резултатот, носејќи му предност на Челзи по паузата.

  • Извештај од натпреварот:

„Сините“ до вториот гол стигнаа во 79. минута, кога Харисон Одофин ја затресе сопствената мрежа и ги реши сите дилеми околу победникот. Така, Челзи со 2-0 го елиминираше Лутон и го продолжува својот пат во Лига Купот на Англија.