Гол од слободен и два директно од корнер: Од Англија ни доаѓа најчудниот хет-трик (ВИДЕО)

Џо Џејкобсон е фудбалерот за кого зборува цела Англија. Фудбалерот на Викомб Вондерес изминатиов викенд го привлече вниманието на фудбалската јавност, откако на дуелот со Линколн во рамки од Лига 1 зад своето име запиша ретко виден хет-трик. 

На овој дуел Џејкобсон прво погоди од слободен удар, а потоа директно од корнер двапати ја стреси противничката мрежа, но на потврда на својот хет-трик чекаше цели 48, затоа што комисијата мораше да одлучува дали едниот гол постигнат од корнер бил автогол или не.

Откако истиот беше впишан на негово име, од Викомб веднаш се пофалија на социјалните мрежи за големото достигнување на нивниот фудбалер.