ВИДЕО: Гол од полемичен пенал го сруши Лацио, „росонерите“ се вратија на четвртото место

По серијата без победа во првите две недели од април, Милан им се врати на позитивните резултати и пак застана на четвртото место на табелата во Серија А. Во третиот натпревар од 32. коло, на „Сан Сиро“ падна Лацио со 1-0 (0-0) со гол од полемичен пенал во финишот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Милан беше поактивен во првиот дел и неколку пати се обиде со инвидуалности. Најнапред Пјонтек со глава биеше за малку крај дирекот. Потоа следуваа удари од дистанца на Сусо и Хакан Чалханоглу, но Стракоша немаша потреба од интервенција. Затоа пак Реина во последните мигови од првиот дел му одбрани зицер на Чиро Имобиле во ситуација еден на еден.  

„Росонерите“ беа поактивен ривал и на почетокот од второто полувреме, но често брзоплето ги завршуваа акциите. Лацио возврати со ударот од десната страна на Ромуло, кој Шпанецот Реина го одби во корнер. 

Капитенот на домашната екипа Ромањоли се повреди на средина од вториот дел и Гатусо го замени со Запата. Вистинска драма настапи во последните десетина минути. Најнапред, судијата Роки покажа на белата точка по играта со рака на Ачерби по акцијата на Хакан Чалханоглу. Сепак, најдобриот италијански судија ја прегледа снимката и ја смени одлуката, досудувајќи корнер. 

Само две минути подоцна го сруши Мусакио и овојпат Роки без дилеми досуди пенал, Кеси ја презеде одговорноста и го постигна победoносниот гол (1-0).