• Мартин Танасковски
Екипата на Шахтјор Доњецк успеа да слави на гостувањето кај Лех во Полска (1-3) во рамки на Конференциската лига, а по мечот се говори за еден од головите на украинскиот тим.
Изаке Силва, младиот 19-годишен Бразилец, постигна атрактивен гол кој ги собра аплаузите. Течеше 85. минута, кога тој смири една топка со глава и изведе магични „ножички“.
Дефинитивно, ова е голот на досегашниот дел на сезоната во Конференциската лига на УЕФА.









