ВИДЕО: Гол на подзаборавениот Киеза, Ливерпул без мака до следното коло во ФА Купот

Фудбалерите на Ливерпул без многу проблеми ја минаа првата пречка во овосезонскиот ФА Куп и по поразот од Тотенхем во првиот полуфинален дуел од Карабао Купот им се вратија на победите и со сигурни 4-0 го совладаа составот на Акрингтон. 

  • Ливерпул - Акрингтон 4-0:

Очекувано, Арне Слот за овој дуел ги одмори своите најголеми ѕвезди и Ливерпул на терен истрча со состав комбиниран од неколку искусни фудбалери и таленти од академијата. Така, Рио Нгумоха со само 16 години стана најмладиот дебитант на Ливерпул во ФА Купот, а неговата замена 18-годишниот Џејден Данс еден од најмладите стрелци. Данс стрелаше за 3-0, а претходно мрежата на нисколигашот ја затресоа Диго Жота и Трент-Александар Арнолд. Конечните 4-0 ги постави подзаборавениот Федерико Киеза во самиот финиш. 

  • Бристол Сити - Вулверхемптон 1-2:

Пласман во следната фаза обезбеди и тимот на Вулверхемптон, кој со головите на Ајт Нури и Гомез со 1-2 славеше на гостувањето кај Бристол Сити.

Во Чемпионшип-дербито Блекбурн го изненади Мидлсбро на гости и славеше победа од 0-1. Стрелец на единствениот погодок за некогашниот шампион во Премиер лигата беше Вајман во 70. минута.

Состави

Арне Слот

3-4-3