ВИДЕО: Гол на Николов и автогол на Ристевски, Фехервар го прегази Ујпешт

Македонските репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу дојдоа до победа со МОЛ Фехервар над Ујпешт (5-1) во чии редови настапува Кире Ристевски.

Во првиот дел немаше голови, а сите шест погодоци на натпреварот паднаа во второто полувреме.

Во листата на стрелците на овој натпревар се запиша Бобан Николов, кој реализира во 69. минута. Исто така и Кире Ристевски, ама во финишот на средбата си постигна автогол за предност од 5-0 за домашните.

Фехервар врза три победи во низа и сега е лидер во Унгарија.