ВИДЕО: Гол „на негова душа“ – Роналдо не скокна и покри лице при слободен за Парма!

Кристијано Роналдо имаше партија за заборав против Парма, тој не успеа да постигне гол, ама за среќа Јувентус победи со пресврт (3-1). Португалецот имаше еден болен пад по висок скок, а првиот гол оди „на негова душа“. 

Стрелец на голот беше Гастон Бругман, откако директно од слободен удар погоди преку живиот ѕид во мрежата на Џиџи Буфон. Покрај Роналдо, во ѕидот се најдоа Артур, Меккени и Бентанкур, а тројцата играчи скокнаа кога требаше, но Португалецот остана на земја и го покри лицето. Топката мина токму во таа „дупка“ и заврши со гол за Парма. 

Роналдо, покрај овој момент, имаше и неколку навистина лоши дриблинзи, а во 70. минута и лоша реакција во една шанса сам пред празна мрежа. За среќа Алекс Сандро со два и Матијас Де Лихт со еден гол го решија натпреварот и ги донесоа бодовите за Јувентус.