Гол кој ја промени фудбалската историја: Ибра и Тиаго немаше да заминат од Милан, ќе дојдеше Тевез...

Долги години Јувентус доминира во италијанскиот фудбал. „Старата дама“ речиси секоја сезона се „шета“ низа Италија до ново скудето, а оваа монотонија започна од сезоната 2011/12.

Тогаш, Јувентус и Милан речиси до последно коло се бореа за шампионскиот трофеј, а кога ќе се спомне таа сезона, сигурно секој фан на миланезите ќе се наврати на неправдата која им се случи токму на дербито со Јувентус. На тој дуел на Мунтери не му беше признат чист гол, кој најверојатно ќе донесеше победа на Милан, а токму оваа ситуација поранешниот директор Адријано Галијани ја посочува за клучна за големиот пад на клубот во периодот што следуваше. 

„Требаше да ни го признаат голот и во тој случај сигурен сум дека ќе го освоевме скудетото. Историјата ќе беше многу поинаква. По крајот на таа сезона ги продадовме Ибра и Тиаго Силва, два големи шампиони кои и денес играат на високо ниво. Да бевме шампиони мислам дека немаше да се случат нивните заминувања, а ќе го донесевме и Тевез, кој наместо кај нас, се пресели во Јуве“, вели Галијани. 

  • Непризнаениот погодок на Мунтари против Јувентус: 

Секако, останува во воздух да виси прашањето колку Галијани со оваа изјава сака само да ја измие сопствената биографија, бидејќи дури и ако Милан славеше на тој дуел со Јувентус, никој не може да гарантира дека навистина ќе беше шампион (Јуве таа сезона титулата ја освои со четири бода повеќе од Милан).