• Мартин Танасковски
Во рамките на руското првенство се одигра големиот московски дуел меѓу ЦСКА и Локомотив, натпревар кој го понуди еден од најневеројатните моменти во сезоната. Локомотив славеше со убедливи 3-0, а еден од погодоците постигнат во судиското продолжение на првото полувреме, стана главна тема во спортската јавност.
Стрелец на погодокот беше Дмитриј Воробеј, кој успеа да постигне гол на начин што тешко може да се опише со зборови. Ударот со надворешниот дел на ногата, заврши директно во мрежата на ЦСКА, без да ја допре ниту еден друг играч. Топката доби неверојатна траекторија, која ги изненади и голманот и одбраната на домашниот тим, оставајќи ги без реакција.
Она што целиот момент го прави уште поспецифичен е начинот на кој дојде до тој гол. По еден несмасен обид да избие на голманот на ЦСКА, топката се одби од Воробеј и заврши пред корнер знаменцето, што создаде ситуација од која тој ја искористи својата техничка вештина на фасцинантен начин.
Публиката на стадионот, но и гледачите пред малите екрани, останаа во неверување по изведбата на овој потег. Спортските медиуми низ Русија го опишаа како „мајсторија што се гледа еднаш во кариера“, додека дел од коментаторите веќе го вбројуваат меѓу најубавите голови во последните неколку години во руската Премиер лига.



