ВИДЕО: Гол како од видео-игра на Реал, магична пета на Јовиќ и сигурна реализација на Бејл! 

Реал Мадрид со судни маки успеа на одмор да замине без негатива на последниот натпревар од третото коло на Примера, кој го игра на гости кај тимот на Виљареал. 

Морено го отвори резултатот и му создаде нови проблеми на големиот фаворит, но момците на Зинедин Зидан во самиот финиш креираа акција како од видео-игра и се изборија на 1-1 на полувреме. Јовиќ со магична пета го проигра Карвахал, а овој од прва го пронајде Бејл,  кој со сигурна реализација донесе „кралска“ радост.

  • Голот на Бејл по одличната тимска акција против Виљареал.