• Горан Упале
Иако е Европско првенство во конкуренција до 21 година, Чешка постигна гол што ретко може да се види и на многу повисоките нивоа.
По почетниот пораз од Англија, на младинското Европско првенство (до 21 година), Чешка одигра одличен натпревар, успеа да ја изненади Германија (2-1) и да дојде на чекор до пласман во четвртфиналето.
Првиот гол на натпреварот беше брилијантен, како од фудбалски учебник. По еден корнер на Германците, младите Чеси тргнаа во контра и фудбалски ја одиграа цела акција, која на крај со гол ја круниса Сејк за 1-0.
Blink and you'll miss it.
An absolutely counter from Czechia #U21EURO pic.twitter.com/FuypTlwh40
— #U21EURO (@UEFAUnder21) June 26, 2023
На крај натпреварот го реши стоперот Мартин Витик во 87. минута, па Германците сега се на прагот на елиминација.