ВИДЕО: Гол и асистенција за Матеј Цветаноски во триумфот на Жељо кај Широки

Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски имаше повеќе од успешен настап за својот Железничар на гостувањето кај екипата на Широки Брег во босанското првенство. 

  • Извештај од натпреварот:

Популарниот „Жељо“ славеше со убедливи 0-3, а нашиот Цветаноски придонесе со гол и асистенција и беше најдобар поединец во својот тим. Најпрво асистираше за Сулејман Крпиќ во 60. минута, а потоа го постави и конечниот резултат во последната минута од регуларното време. Во почетниот состав кај гостите беше и нашиот Мартин Мирчевски, кој се задржа на теренот до 53. минута. 

За Железничар ова беше седма победа сезонава, а Цветаноски сега има учинок од три гола и две асистенции. 27-годишниот офанзивец летово премина во редовите на славниот босански клуб, а претходно две години ги бранеше боите на Брера од Струмица.