ВИДЕО: Гол и асистенција за Адеми, Динамо Загреб го „размонтира“ Ференцварош во ЛШ!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми одигра фантастичен натпревар во дресот на Динамо Загреб. Хрватскиот тим по разочарувачкото реми пред својата публика од 1-1, вечерва го „размонтира“ Ференцаворш со 0-4 и обезбеди плеј-оф во квалификациите за Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот: 

„Модрите“ на погонот на својот капитен, Адеми, уште во 16. минута ги шокираа Унгарците, откако токму нашиот играч за врска со мајсторски волеј го отвори резултатот и донесе водство за својот тим од 0-1. 

  • Голот на Адеми во Будимпешта: 

Доминацијата на Динамо продолжи и во вториот дел, па во 47. минута Петковиќ погоди за 0-2, додека Олмо на асистенција на Адеми ја осигура позитивата на хрватскиот шампион. Печат на фантастичната партија на тимот од Загреб стави Гојак во 79. минута, а во самиот финиш Петковиќ промаши пенал за убедливи 0-5. 

Во борбата за групна фаза на Лигата на шампионите, Динамо Загреб го доби норвешки Розенборг, кој вечерва со 3-1 го совлада Марибор.