Гол „а ла Шаќири“: Директно од корнер, во мрежата на Партизан (ВИДЕО)

Партизан доживеа шок на натпреварот против ТСЦ пред домашната публика, а еден од головите беше вистинско ремек-дело затоа што соиграч на Мартин Мирчевски погоди директно од корнер.

Се играше 3. минута од мечот, кога Ќирковиќ успеа да ја стресе мрежата на црно-белите директно од корнер. Нафрли, топката се удри од стативата и влезе во голот, погодок налик Артим Шаќири против Англија, кога го прати Симан во пензија.

Мартин Мирчевски не е во стартниот тим на српскиот суперлигаш на овој дуел.