ВИДЕО: Гол „а ла Робен“ во Премиер лигата – Нокерт со проектил го „потопи“ Кристал Палас

Фудбалерите на Брајтон ја запишаа можеби најзначајната победа во Премиер лигата оваа сезона, откако од гостувањето во Лондон кај Кристал Палас се враќаат со 1-2 и три бода кои многу им значат во борбата за опстанок во елитата на англискиот фудбал. 

„Галебите“ можеби не ги надиграа момците на Рој Хоџсон, но беа концентрирани и на ниво во клучните моменти, па заслужено запишаа нов триумф. Херој на мечот е Ентони Нокерт, кој по вистинско ремек-дело, во стилот на Робен, стави печат од одличното попладне на Брајтон и ги постави конечните 1-2. 

Претходно, Брајтон поведе со голот на Мареј, додека по само пет минути игра во вториот дел Миливојевиќ израмни на 1-1. 

Извештај од натпреварот: