Гого Јовчев се врати во Вардар, доаѓа и уште еден новитет од странство!

Екипата на Вардар го назначи Миодраг „Гроф“ Божовиќ за нов тренер на првата екипа, а почна да се формира и стручниот штаб кој ќе продолжи понатаму во сезоната.

Од таборот на ФК Вардар АД информираат дека стручниот штаб е засилен со два нови тренери, тоа се поранешниот голман Гого Јовчев и српскиот тренер Дејан Мрваљевиќ кој доаѓа заедно со Божовиќ.

За Гого Јовчев Вардар не е непозната средина, со оглед на тоа што претходно беше дел од екипата како голман во играчките денови, во два наврати на почетокот на деведесеттите и на почетокот на 2000-тите години.

Дел од стручниот штаб ќе останат и сегашните тренери кои се дел од црвено-црните, нема да има промени, Јовчев и Мрваљевиќ се дополнително во тимот.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.