Годин низ солзи се прости од Атлетико: Сакав до 40-тата година да играм за овој клуб!

Еден од најкултните фудбалери во последните десет години, уругвајскиот дефанзивец Диего Годин денес на официјална прес-конференција се прости со Атлетико Мадрид, клуб во кој пристигна во 2010 година од Виљареал за само осум милиони евра.

Капитенот на шпанскиот вицешампион низ солзи се прости од својот клуб, претседателот Серезо, сите фудбалери, стручниот штаб и Симеоне и дел од новинарите кои го следат Атлетико Мадрид.

„Ова се последните мои денови во овој клуб. За мене Атлетико не е само обичен клуб, тука созреав како личност и како фудбалер, тука се чувствувам како дел од едно големо семејство. Минатата сезона го одбив Манчестер Јунајтед, бидејќи мислев дека ќе играм до 40 години за Атлетико Мадрид. Но, годинава патиштата ни се разделуваат и животот е таков. Не сум баш подготвен за овој говор и за вакви манифестации. Знам само дека треба да кажам едно големо благодарам на сите кои беа дел од мојот пат во Атлетико Мадрид сите овие години“, заврши Годин.

  • Комплетната прес-конференција на Диего Годин: 

  • Прошталното видео на Атлетико Мадрид во чест на Диего Годин:

Од следната сезона Годин ќе ја предводи одбраната на Интер, клуб на кој му е неопходен лидер и кој во Уругавецот гледај човек кој ќе означи нов почеток на поранешниот европски првак. 

Уругвајскиот дефанзивец заминува со осум освоени трофеи, меѓу кои недостига само Лигата на шампионите, и покрај две учества во финалните натпревари и два порази од Реал Мадрид.