Гоце Седлоски замина на потпис во албанска Влазнија

Македонскиот тренер Гоце Седлоски е пред промоција во нов клуб затоа што ги договори условите со албанскиот суперлигаш Влазнија.

Седлоски пред извесен период беше тренер на Шкупи, на кого му го донесе најголемиот успех во клупската историја и откако ја освои домашната титула беше на чекор до пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

48-годишникот кој како некогашен стопер на репрезентацијата на Македонија има 100 настапи зад своето име пред Шкупи ги водеше вториот тим на Динамо Загреб, Широки Бријег, летонска Рига, Вардар и Хоризонт Турново.

Влазнија во моментов се наоѓа на четвртото место во албанската Суперлига.