ВИДЕО: Го замени Роналдо, па подари победа – Лингард трагичар на Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доживеја шокантен пораз на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Јанг Бојс (2-1). Иако Роналдо рано донесе предност, црвениот картон на Ван Бисака беше пресуден, па „ѓаволите“ беа во подредена улога долго на дуелот. 

Избраниците на Солскјер издржаа до 95. минута, но тогаш на сцена стапи Џеси Лингард. Крилото на Јунајтед во обид да врати топка до Де Хеа со цел да истечат преостанатите 30 секунди, погреши и додаде кратко. На топката налета Џордан Сибачо, кој од зицер позиција го матираше противничкиот голман. 

  • Грешката на Лингард и голот на Сибачо: 

По погодокот, се случи вистинска ерупција на стадионот „Ванкдорф“ во Берн и огромно славје на играчите на Јанг Бојс, но и на трибините.