Го водеше Удинезе до опстанок, но по шест натпревари заминува од клупата

Италијанската фудбалска легенда Фабио Канаваро повеќе не е тренер на екипата на Удинезе. 

И покрај тоа што овој млад стратег го поведе тимот до опстанок во елитниот ранг, клубот одлучи да не му ја продолжи соработката. Последниот италијански капитен кој го крена светскиот трофеј во 2006 година го водеше Удинезе на само шест натпревари. Во тој период запиша две победи (Фрозиноне и Лече), три нерешени (Емполи, Наполи и Болоња) и еден пораз на дебито со Рома. 

Канаваро доби привремен договор кон крајот на април до 30 јуни, па сега Удинезе се реши дека нема да му го продолжи. Во досегашната кариера клубот од Удине му беше втор италијански на Канаваро, откако претходно го водеше Беневенто. Освен овие два клуба тој седеше на клупите на Кина, Гванжу Евергранд, ТЈ Кванџиан и Ал-Наср.