• Саше Љолес
Киран МекКена, тренерот кој го предводеше Ипсвич Таун до враќање во Премиер лигата по пауза од 22 години, одлучи да ја напушти функцијата и да направи пауза во својата тренерска кариера.
Според информациите од англиските медиуми, 38-годишниот стратег ја донел одлуката по интензивниот период и големиот успех со клубот, кој под негово водство обезбеди историска промоција во елитниот ранг на англискиот фудбал.
МекКена во Ипсвич пристигна во декември 2021 година, а за кратко време успеа да го трансформира тимот и да го врати меѓу најдобрите англиски клубови. Неговиот проект беше еден од најзабележителните во англискиот фудбал во последните сезони.
Засега не е познато колку ќе трае паузата, ниту дали стратегот во блиска иднина ќе се врати во тренерските води, но одлуката доаѓа во период кога за него постоеше интерес од неколку премиерлигаши.
Ипсвич наскоро ќе мора да започне процес на барање нов тренер пред новата сезона во Премиер лигата.
