• Мартин Танасковски
Интересна приказна доаѓа од Романија, поврзана со 14-годишен фудбалер, кој настапува за романскиот гигант Стеауа. Се работи за Јанис Стојка, спортист кој со само 14 години, 10 месеци и 23 дена дебитираше за гигантот и уште во првиот настап - постигна гол.
Стојка доби шанса да игра во Купот на Романија, против нисколигашот Санатате Клуж. Тој влезе во игра во 60 минута, а во втората минута од судиското надполнување успеа да се запише во листата на стрелците.
„Пишував домашна задача, па тогаш го чув телефонот како ѕвони. Се јавија од Стеауа, ме повикаа да играм во првиот тим“, изјави Стојка, кој ќе полни 15 години во декември.
Јанис стана најмлад дебитант во историјата на романскиот фудбал. Против Санатате во тимот беше и Роберто Малаеле, кој исто така е роден во 2003 година и ќе наполни 15 години во март, наредната година, но не доби шанса за настап.





