Го „уништи“ Манчестер Јунајтед во Данска, а сега може да стане „ѓавол“

Младиот фудбалер на Копенхаген, Руни Барџи (17) би можел да му се приклучи на Манчестер Јунајтед веќе во јануари следната година.

Играчот минатата недела блесна на натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, бидејќи во 87. минута донесе победа за Копенхаген (4-3).

Британските медиуми наведуваат дека отштетата за младиот фудбалер е околу 15 милиони евра, а новото раководство на Манчестер Јунајтед сака Барџи да биде првото засилување на англискиот клуб во зимскиот преоден рок.

За левоногиот крилен напаѓач се вели дека има исклучителна техника и брзина. Тој е заинтересиран да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Барџи во среда ќе наполни 18 години, а последните неколку сезони блеска во Копенхаген. За данскиот клуб одигра 57 натпревари и постигна 15 голови. Тој е роден во Кувајт, а досега настапуваше за помладите селекции на Шведска.