ВИДЕО: Го славеше испаѓањето од Премиер лигата со оргија, па заработи отказ

Пењаранда

Фудбалерите на Вотфорд не успеаја во намерата да останат во Премиер лигата, па наредната сезона ќе играат ранг подолу, во Чемпионшип.

Еден од членовите на екипата бурно го прослави испаѓањето. Се работи за венецуелскиот интернационалец Адалберто Пењаранда, кој објави контроверзно видео поради кое остана без договор.

23-годишниот напаѓач сподели моменти од оргијата која ја организира на крајот од изминатата сезона. 

Видеото не ѝ се допадна на екипата, која го раскина договорот со фудбалерот од Венецуела, пишуваат англиските медиуми.