ВИДЕО: Го потроши ли Шахин последниот „џокер“? Нов пораз на Борусија во Бундеслигата

Фудбалерите на Борусија Дортмунд повторно потфрлија во Бундеслигата и нема да биде изненадување доколку следниот натпревар го започнат со нов тренер. Серијата порази на „милионерите“ сега е три натпревари, откако вечерва во првиот натпревар од 18. коло во германскиот шампионат загубија од Ајнтрахт Франкфурт со 2-0 (1-0).

Со овој пораз Борусија дополнително си ја компликува ситуацијата на табелата и до крајот на првенството ќе мора сериозно да се подобри доколку сака да обезбеди меѓународни натпревари и следната сезона. А, најверојатно тоа нема да го брка со Нури Шахин на чело на тимот, затоа што некогашниот капитен и легенда на клубот ги потроши сите „џокери“ (седум порази, четири реми исходи, седум победи и десетто место на табелата).

На спротивната страна, пак, Ајнтрахт се зацврсти на третата позиција на табелата. Вечерашните три бода ги обезбедија Уго Екитике со гол во 18. минута и Хојлунд во втората минута од судиското надополнување.

  • Извештај од натпреварот:

Во следното коло Ајнтрахт гостува кај Хофенхајм, додека Борусија Дортмунд излез од кризата ќе брка на свој терен против Вердер Бремен.

Состави

Dino Toppmoller

3-5-2

    Нико Ковач

    4-1-4-1