Го покри ЛГБТ знамето, па си заработи суспензија од четири меча

Фудбалерот на Монако, Мохамед Камара, доби суспензија во траење од четири натпревари затоа што на својот дрес го покрил знамето на ЛГБТ заедницата, кое важи за симбол на борбата против хомофобијата. 

Случката датира од натпреварот против Нант на 19 мај, кога Камара со бела лента го покри знамето на ракавот, а Монако на крајот славеше со убедливи 4-0. 

Француската Лига 1 наведува дека е донесена одлука за суспензија на играчот, имајќи предвид дека „одбил да спроведе и биде дел од една голема акција кревање на свеста против хомофобијата“. 

Камара бил сослушан од дисциплинската комиција на Лига 1, по што било одлучено да добие суспензија, на која фудбалерот од Мали изјави дека ќе вложи жалба. Француската министерка за спорт, Амели Удеа-Кастера, изјави дека „Камара грубо прекршил строги правила и очекува жестока казна за неговата постапка“.