„Го почитуваме Кристијано Роналдо, но не се плашиме од него“

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо изјави дека неговите играчи не се плашат од Кристијано Роналдо пред дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Португалецот во дресот на Реал Мадрид против Атлетико Мадрид одигра 31 натпревар, постигна 22 гола и да додаде уште осум асистенции.

„Јувентус е еден од најдобрите тимови во Европа, но ќе се обидеме да ги елиминираме во осминафиналето на Лигата на шампионите. Роналдо? Игравме многу пати против него, го почитуваме, но не се плашиме од него. Тој е неверојатен фудбалер, кој ја докажува својата вредност и во тимот на Јувентус“, изјави првиот човек на „јорганџиите“.

Португалецот во летниот преоден рок за 117 милиони евра се пресели од Реал Мадрид во Јувантус, а во редовите на „старата дама“ веднаш се наметна како лидер и е прв стрелец со 15 постигнати голови.