Го остави Наполи без ЛШ, па се скара со новинарите: Срам да ти е, ова може само во Италија!

Фудбалерите на Верона го оставија Наполи без пласман во Лигата на шампионите откако одиграа 1-1 на „Диего Армандо Марадона“. Момците на Јуриќ ја надминаа кризата и одиграа натпревар како што играа на стартот од сезоната и му ги уништија плановите на фаворитот. 

По натпреварот, предводникот на Верона, Иван Јуриќ го налутија новинарите кои го „нападнаа“ со прашања. Навинарите на „Скај“, во шоуто предводено од Фабио Кареса, го разбеснија Хрватот. 

„Вие вечерва пресудивте кој ќе игра во Лигата на шампионите. Наместо Наполи, таму го испративте Јувентус. Вашата Верона беше целосно поинаква од претходните натпревари. Дали ви беше тешко?“, започна Уголини. 

„Веднаш на стартот глупаво прашање. Мора да ја почитувате Верона, не може така да зборувате за нас! Мора да ни покажете респект. Дали ви е јасно?“, се разлути Јуриќ. 

„Дозволете ми да завршам...“, се обиде да каже Уголини. 

„Не, нема да завршите. Нема да ви дозволам да го завршите прашањето бидејќи не ме почитувате“, продолжи Јуриќ. 

„Јуриќ, вие не ме почитувате мене. Не ми дозволувате да поставам прашање. Факт е дека Верона денес играше подобро отколку во претходните натпревари“, му одговори новинарот. 

„Доволно беше, заминувам. Немате респект и не прикажувате во лошо светло. Секогаш сме давале сè од себе, вакви прашања се добиваат само во Италија. Мора да ми се извините за ова срамно однесување, веднаш сакам извинување“, кажа Јуриќ и замина. 

  • Видео од расправијата на Јуриќ со новинарите: 

Верона навистина долг дел од сезоната беше незгоден ривал за сите екипи од врвот на табелата, но во последно време формата опадна. Сега во последното коло одиграа нова добра партија и го оставија Наполи без место во елитното натпреварување.