ВИДЕО: Го нокаутира својот селектор, а подоцна заедно танцуваа славејќи пласман на СП

Невообичаена сцена се случи за време на клучниот квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Катар и ОАЕ. Додека играчите се мачеа на теренот, селекторот на Катар, Јулен Лопетеги, беше соборен на земја, и тоа не по своја волја. 

Поранешниот тренер на Севиља и Реал Мадрид и поранешен селектор на Шпанија беше удрен во лицето со топка. Инцидентот се случил додека 58-годишниот Лопетеги стоел во својот тренерски простор. Во жарот на борбата играчот од средниот ред Асим Мадибо, ненамерно ја шутна топката директно во лицето на искусниот тренер. Ударот бил очигледно силен, бидејќи Лопетеги падна на земја и останал да лежи.

Му требаше малку време да се соземе, а изгледаше збунето додека му помагаа да стане. И покрај болната несреќа, вечерта заврши среќно и со танц на Лопетеги.

Катар победи со 2-1 и со тоа обезбеди пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.