Го нема Меси? Нема проблем: Хет-трик асистенции и гол на Суарез за Интер Мајами! (ВИДЕО)

Екипата на Интер Мајами ја забележа првата победа во новата сезона во МЛС-лигата. Тимот на Дејвид Бекам во рамки на втората рунда беше убедлив со Хјустсон Дајнамо, кого го совлада со 1-4 на гостински терен.

  • Извештај од натпреварот:

Главна ѕвезда на овој меч во отсуство на Лионел Меси кој е суспендиран заради кавга со судии беше Луис Суарез. Уругвајскиот голгетер ги намести првите три гола, им асистираше двапати на Сеговиа и еднаш на Аленде, за високи 0-3, а потоа и самиот тој се запиша во листата на стрелците.

Ова беше најдобра партија на Суарез откако е дел од тимот од Соединетите Американски Држави. Почесниот гол за Хјустон го постигна Лодеиро пред самиот финиш на средбата. Интер Мајами во следното коло на МЛС се враќа на домашен терен и игра против Шарлот.