• Саше Љолес

Хрватскиот портал „Gol.hr" во својата објава за квалификацискиот натпревар помеѓу Казахстан и Македонија, не заборави да го истакнe победоносниот гол на нашиот Александар Трајковски, кого го нарекоа „херојот што ги одведе Македонците во сериозна битка за Светското првенство“.
Победничкиот гол на Александар Трајковски против Казахстан:
Трајковски неодамна го заврши престојот во Хајдук, но ѝ е добропознат на хрватската јавност, која го поздрави неговиот погодок, со кој „рисовите“ ќе „летуваат“ на првото место во групата Ј.
Легендарниот македонски репрезентативец е близу до бројката од 100 настапи во националниот тим, а воедно е и втор најдобар стрелец во историјата (23 погодоци).