„Го молев да ослабне, но Роналдо не можеше без жени и бурен ноќен живот“

Луис Назарио да Лима Роналдно се смета за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалската игра. Бразилецот беше кошмар за секоја одбрана, со своите дриблинзи беше претпознатлив на теренот, но паралелно имал и бурен приватен живот.

Познато е дека бил голем љубител на ноќниот живот и жените, поради што често пати беше мета на критики поради својата тежина. Токму за тоа се навраќа легендарниот италијански стратег, Фабио Капело. Сега веќе пензионираниот тренер открива како Роналдо го напушти Реал Мадрид во 2007 година.

„Тоа што челниците на Реал се ослободија од него направија вистински потег. Не се шегувам. Разговарав со претседателот и му кажав да го избрка. Имаше 94 килограми, разговарав со него и го прашав колку килограми имаше кога го освои Мундијалот во 2002 година. Ми рече дека тогаш имал 84. 

Го замолив да ослабе и му реков дека не може таков да игра. Не можеше. Едноставно го сакаше ноќниот живот и жените. Со него заедно заминаа и многу други играчи. Му реков на претседателот дека мора да го продаде. Беше блиску до Саудиска Арабија, а тогаш ме повика Берлускони. Ме праша во каква ситуација е, му реков дека сака ноќен живот и дека е дебел. Ми се заблагодари и утредента го видов во дрес на Милан“, рече Капело.

Роналдо во својата блескава кариера настапуваше за Барселона, Реал Мадрид, Интер, Милан...